(ВИДЕО) Мециновиќ: Оние кои го бришеа АСНОМ од Уставот, денес се повикуваат на АСНОМ

Од:

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на седницата за избор на заменици министри во новата Влада истакна дека партијата ЗНАМ уште во нејзиниот зародиш соработувала со ДПМНЕ.

„Убаво е да се напомене секогаш, дека ЗНАМ е дериват на СДСМ, кој не само што дојде на заеднички јазик и принципи да ја формира оваа Влада со ДПМНЕ, туку ЗНАМ во својот зародиш има соработка со ДПМНЕ. Тоа е 2021 година кога добија поддршка на локалните избори и од тогаш таа соработка не е прекината“ – кажа пратеникот.

Мециновиќ на собраниската седница ги потсети пратениците од ЗНАМ дека нивниот претседател е директен виновник за Преспанскиот договор. Тој ја акцентираше небулозата и лицемерието на ЗНАМ, односно дека Преспански договор за којшто некои од нив и агитирале, всушност го избриша АСНОМ од преамбулата на Уставот, а сега се повикуваат на него.

„Зошто сега се повикувате на АСНОМ, кога АСНОМ го избришавте?! – Затоа што не разбирате какво значење има АСНОМ за оваа држава! АСНОМ не бил конференција на директори, градоначалници, функционери, заменици министри. Туку бил кулминација на крвава борба против фашистичкиот окупатор! Против апетитите кои се сега разгорени, а сакаат да се комплетираат со внесувањето на Бугарите во Уставот, за кое се залагате“ – нагласи пратеникот од редовите на Левица.

Би можело да ве интересира

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции