(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Од:

Прес-конференција на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања.

„Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци.

Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување.

Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство.

А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица. Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега. Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме појако“ – рече Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Штанцањето милиони за патни трошоци на пратениците мора да запре

Јанчев: Интерпелацијата на Даути е успешна

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Крмов: Левица ќе поднесе предлог за разрешување на Даути доколку таа не поднесе оставка

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он