(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица со Предлог – закон за патни трошоци за работниците

Од:

Прес-конференција на портпаролот и пратеник во Собранието на РМ од Левица, Амар Мециновиќ, по повод поднесениот Предлог-закон за враќање на патните трошоци за работниците откако пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ одбија да си ги скратат енормните патни трошоци.

„Левица во Собранието предлага враќање на патните трошоци за работниците. Имено, со измени во Законот за работните односи, Левица предлага да се врати ова право на работниците кое наместо да биде во нивните раце е оставено на волјата на работодавците.

Со години гледаме како пратениците на ова Собрание си наплаќаат патни трошоци за фиктивни релации, за патарини и амортизација на нивните возила. Додека тие ги полнат џебовите со народни пари, илјадници државјани низ државата сами ги покриваат своите трошоци за да стигнат на работа и да обезбедат леб за своите семејства. Практично, ако има за пратениците, ќе има и за работниците.

Ние нудиме измени во членот 113 од Законот за работни односи и велиме: Доколку превоз до и од работното место не е организирано од страна на работодавачот, работникот има право на надомест на трошоци по истата формула која е понудивме за пратениците. 6,5 литри реална цена на гориво за секој изминати 100 километри.

Ова е мерка за подобрување на животниот стандард на граѓаните во услови кога Владата се иззема од трипартитниот дијалог и кога одбива да ги зголеми платите на граѓаните за време на ценовни шокови. Во суштина, ова не е прашање на привилегии, ова е прашање на праведност помеѓу привилегираните и работниците на чиј товар паѓа целата економска активност”, рече Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола