(ВИДЕО) Мециновиќ: Исплата на платите до петти наместо до петнаесетти

Од:

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на Партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во Собранието за измена на Законот за работи односи, со цел, исплата на платите до петти во месецот, наместо до петнаести – како што е сега.

„Предлог-законот доаѓа како резултат на реалната економска состојба на работниците во Македонија и има за цел да обезбеди навремена и правична исплата на платите. Да обезбеди финансиска сигурност на работниците, бидејќи во многу домаќинства платата е единствениот доход на семејствата, а моменталната пракса на исплата на платите до петнаести во месецот, предизвикува финансиска нестабилност и задоцнети плаќања на режиските трошоци“ – кажа пратеникот Мециновиќ.

„Поради доцнењето на платите, многу работници се принудени да земаат брзи кредити, дозволени минуси, позајмици со високи камати и ова, дополнително ја влошува нивната финансиска состојба.
Понатаму, оваа измена е и со цел на намалување на економската нееднаквост – има работници коишто платата ја добиваат на почетокот на месецот, додека мноштвото ги добива платите дури на петнаести“ – објасни тој посочувајќи ги главните причини за потребноста на оваа измена.

„Оваа измена е согласно европските стандарди – во многу држави, платите се исплаќаат веќе до крајот на тековниот месец и максимално до првите денови на наредниот месец“ – нагласи пратеникот од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола