(ВИДЕО) Матурант качен на кров од џип му покажа среден прст на полицаец во Скопје, МВР ќе го повика на разговор

Од:

На социјалните мрежи се појави видео во кое матурант качен на кров на луксузнен џип во близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје му покажа среден прст на полицаец.

Полицаецот се обидува да воведе ред и да го симне момчето кое го слави своето полнолетство качено на кров од возилот во кое се негови пријатели. Видеото предизвика бурни реакции на социјалната мрежа фејсбук.

Од МВР за „А1он“ го потврдија инцидентот и рекоа дека идентитетот на момчето е утврден и тоа ќе биде повикано на разговор во станицата во Карпош.

„Во врска со прашањето за лицето кое недолично се однесува на јавно место, идентитетот на истиот е утврден и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави“, рекоа од МВР.

Граѓаните се револтирани поради неговата реакција.

„Си мислиш за астронаут завршил, а тој едвај средно“, „Да сум му родител на детево, ќе му удрам една шлаканица за да го воспитам“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он