Како и секоја година, со марш низ улиците на Скопје, 16. ноември посветен на толеранцијата, и на будење на чувството за прифаќање и разбирање на различностите.
-Сведоци сме дека изминативе години е зголемен бројот на кривичните дела од омраза. Сведоци сме дека е зголемена омразата кон сите оние кои по своите карактеристики се различни од мнозинството на населението во Република Македонија. Сведоци сме на тоа како се шири омрзата на преку социјалните медиуми, како е фокусирана по сите оние групи кои што не се по волја на владејачката структура. Денешниот ден го посветуваме на сите жртви кои поради својата различност, биле жртви на дела сторени од омраза. Сакаме да потсетиме дека Македонија е земја која треба да се гордее поради своите различности, рече Уранија Пировска, престедател на Хелсиншкиот комитет.
Видео: Радио Слободна Европа