(ВИДЕО) Марковска: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел Груп

Од:

„Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик“, одговори на новинарско прашање, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ.

„Уште на ден 28.09.2020 Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот.

Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии.

Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови“, додаде Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина