(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Аросовска ја ситни последната година од мандатот, скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект

Од:

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен натрупани проблеми.
На лавиринтите на Арсовска се заглавени пари на народот, а таа не ги користи да им го олесни живеењето на главниот град, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Советот на Град Скопје.

-Еден од тие проекти е и изградбата на булеварот Хасан Приштина. Станува збор за капитален проект на кој на сметка на Градот се легнати 10 милиони евра.
Булеварот Хасан Приштина или како што е oпшто познат Качанички пат, во Визбегово до скопската обиколница е од огромна важност со цел растеретување на сообраќајот во овој дел на градот. Според проекциите, во моментот кога за овој булевар се одвоени народни пари, истиот требаше да биде готов до февруари годинава. Наместо да биде готов, годинава булеварот не е ни почнат.

Мозокот на неспособната Арсовска очигледно не работи во насока како да ги заврши проектите во корист на граѓаните. Очигледно на Арсовка и се важни само личните калкулации или според информации во јавноста парите наместо за булевар се вртеле за други намени, за истиот се правеа тендери за избор на фирми кои ќе го градат, иако има институции што се занимаваат со тоа. Додека Арсовска не ги користи парите кои ги има на сметка за да го подобри живеењето на граѓаните, Владата додели средства за 270 проекти за сите општини во Македонија во вредност од нешто повеќе од 4 милијарди денари што е само прв бран на инвестиции во општините. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, ама затоа стартуваше промена на секоја педа на државава во корист на народот – изјави Марковска Илиевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани