(ВИДЕО) Маркоска: Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки

Од:

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2022 година кој обезбедува одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка за компаниите и граѓаните. Нови 76 милиони евра се обзбедени за идни антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза, изјави денеска Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

– За поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домано производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра. Со ребалансот обезбедивме средства за исплата на зголемени плати во образованието и детската заштита како и за повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери.

Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство. Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

И во време на криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните – рече Маркоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски