(ВИДЕО) Маркоска: Наместо да работат за граѓаните на Ѓорче Петров, Мисајловски и Стојановски бранат насилници од 27 април

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски вчера повторно бранеше криминал и насилство, бранеше осудени насилници за 27 април.

Целата јавност вчера се увери дека ова ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е променото од она старо режимско ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години газеше по граѓаните.

Додека цел свет протестира против насилство, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски протестираа ЗА насилство“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и пратениците од Ѓорче Петров, Владо Мисајловски и Бојан Стојановски вчера повторно застанаа против интересите на граѓаните.

Стојановски и Мисајловски ја блокираат работата на Собранието секогаш кога треба да се носат закони важни за граѓаните и државата.

Кога Ѓорче Петров треба да добие нов Клинички центар, тогаш Стојановски и Мисајловски блокираат, кочат и прават се законот да не се донесе, но први се кога треба да бранат криминал и осудени насилници.

Пратениците во Собранието се платени од граѓаните и тие мора да работат за граѓаните, а не за криминалците и насилниците како што тоа го прават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Прекршувајќи ги сите мерки за заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ вчера цврсто застана на браникот на криминалот.

Токму поради таквото нивно однесување, граѓаните шест пати ги поразуваат на избори и токму поради таквото однесување ги чека нов пораз наесен како во Ѓорче Петров така и низ целата држава“, кажа Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите