(ВИДЕО) Марин: Рекламната капања на Коневски е спротивна на законот

Од:

„Скандалот со скапата промотивна камапања на Ивица Коневски добива се поголеми размери. Освен што Коневски тајно договорил и реализирал скапо платена рекламна капмања, во овој случај има и сериозни прекршувања на законот. Имено, согласно законот, општината е должна да склучи договор за било кои услуги дури и кога тие се бесплатни. Општината не одговара дали има склучено таков договор, а според сознанијата што ги имаме, такви договори не постојат ниту со агенции ниту со медиуми за емитување на кампањта.

Одлука за примање донација мора да се донесе на Совет на општина. Таква одлука Советот нема донесено за оваа кампања. Ова значи прекршување на законот и работата на општината. Коневски се вплетка во големи лаги и му порачуваме дека нема да престанеме да прашуваме, се додека граѓаните не ја дознаат вистината. Ако се докаже дека го прекршил законот и деловникот за работа, за тоа ќе мора да одговара.

Коневски не одговори кој ги изработил скапите рекламни спотови и зошто тоа го направил бесплатно. Бараме итно да се објават компаниите кои наводно бесплатно, заради љубов кон општината го промовираат Коневски. Второ, колку вкупно компании и медиуми се вклучени во оваа наводно бесплатна кампања на градоначалникот во заминување? Трето, зошто Коневски ги избегнал редовните процедури во Советот за одобрување на оваа донација?

Коневски мора да излезе пред граѓаните и јасно и гласно да одговори на овие прашања, за да се избегне сомнежот дека станува збор за сериозни договори и контрауслуги од кои некој добро се офајдил. По промената на локалната власт на следните локални избори, ветуваме дека новата локална власт предводена од СДСМ, детално ќе го истражи овој случај и за секое незаконско постапување ќе следува одговорност. Аеродром заслужува нова локална власт која ќе работи одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните и општината, наместо за оствраување лични и партиски интереси“, изјави Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски