(ВИДЕО) Манојловски: Приметувам голема нервоза, оставете ги партиските интереси на страна

Од:

Приметувам голема нервоза, сите ставаме разни препреки, интереси и убедувања, дајте да ги тргнеме тие интереси и не сфаќања и да бидеме едно. Јас како македонизиран Албанец би сакал да сум една врста мост на разбирање помеѓу Македонците и Албанците, рече пратеникот од ДУИ, Бранко Манјоловски, при што повика сите партии малку да ги смират страстите.

-Оставете ги партиските интереси на страна, дајте малку да работиме за Македонија, да ги решиме македонските проблеми, го можеме тоа, вели Манојловски.

Инаку, Манојловски е најстариот пратеник во Собранието и како таков според Деловникот за работа на Собранието и досегашната пракса тој треба да претседава со конститутивната седница наместо поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски кој како што може да се забележи од досегашните продолженија на конститутивната седница го крши Деловникот на Собранието и им дозволува на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да држат политички говори и да упатуваат навреди кон пратениците од СДСМ, наместо да дискутираат за точките на дневен ред.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги