(ВИДЕО) Манипулација: Ќе се легализираат 2 грама канабис месечно, а потребни се 30 грама за лекување

Од:

Намерата на Министерството за здравство е да се легализираат два грама масло од канабис, што за болен од рак би било доза за два дена бидејќи него му се потребни 30 грама месечно, тврди за А1он соговорник кој со помош на маслото од марихуана кое сам го направил успеал да се излечи од рак.

– Фармацијата не дозволува маслото од канабис да се продава во доволно количество. Тие ќе дозволуваат два грама месечено, а за еден болен од рак потребно е еден грам дневно, вели нашиот соговорник.

Голем е бројот на личности кои јавно ја одбија легализацијата на канабисот за медицински цели, иако тие тајно и “на црно“ го користат за себе или за некој свој близок, вели за А1он соговорникот кој со помош на масло од канабис тврди дека успеал да се излечи од рак.

Тој кажува како се прави маслото, колку чини лекување со канабис и причината зошто не сака во Македонија да се донесе законот кој го предлага Министерството за здравство.

Соговорникот вели дека маслото што се продава на црниот пазар во Македонија има многу слаб квалитет и потоа нема ефекти. Според него, единствената пречка да се користи маслото од канабис е фармацијата.

-Единствено можеш да се предозираш од канабис доколку земеш 40.000 пати поголема доза во рок од 10 минути. Прв допир со канабисот имав на 14 години рекреативно, а потоа на 15 како лек. Лекарите знаат дека лечи, го користат и тие, ама како професионалци не смеат да кажат. Доколку се истражи дека канабисот има спас за целата планета, нема да има потреба од други лекови, што ја плаши фармацијата, вели нашиот соговорник.

Александар Тодески
Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он