(ВИДЕО) Манчевски: Владата испумпа 60 милиони евра со анекс договори

Од:

СДСМ денеска презентираше сомнителни набавки и анекс договори кои досега биле чувани во тајност.

-Изградбата на комплексот „Карпошово востание“ во центарот на Скопје е уште еден нов скандал поврзан со Скопје 2014, рече Дамјан Манчевски од СДСМ.

Тој обелодени документација според која првично склучениот договорза изградба на комплексот во висина од 5 милиони евра, но со анекс на договор кој гласи за непредвидени дополнителни работи е проширен со уште 1,5 милиони евра. Дополнително со истата фирма „Бетон“ е дополнително склучен уште еден договор за партерно уредување од 850 илјади евра.
Такви примери има многу, тврди Манчевски, кој е советник во град Скопје и вели дека овие договори ја носеле дознаката „строго доверливо“.

photo

Музејот на ВМРО ја зголемил сумата на чинење за 10 милиони евра со 21 анекс, за Стариот театар се направени 33 анекс договори кои ја зголемиле неговата цена за 30 милиони евра.

Зградата на Уставниот суд со два дополнителни договори е поскапа за околу 7 милиони евра, Филхармонијата а слично е и со анексите за Триумфалната капија (првиот анекс договор во висина од 248 илјади евра, а вториот од 817 илјади евра), за Археолошкиот музеј анекс договорот е во висина од 8,1 милиони евра. За Собранието е направен анекс договор за непредвидени работи во висина 800 илјади евра. Ваков е случајот со Агенцијата за електронски за електронски комуникации и други објекти од проектот „Скопје 2014“, но и за новиот театар во Велес за кој се направени анекс договори во висина од 457 илјади евра.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено