(ВИДЕО) Манчевски: Шанса за сопствен бизнис на младите со 10.000 евра неповратни пари!

Од:

Денеска Радовиш е напуштен град. Радовиш е осамен град. Младите го напуштија градот барајќи егзистенција надвор. Тоа се случува не само тука туку и низ целата држава. Во оваа прилика сакам да им се обратам на родителите од цела Македонија. Мораме да ги задржиме младите во државата, мораме да ги вратиме оние коишто ја напуштија. Тие бараат шанса, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Државата планираме во следниот период на младите да им овозможи шанса за да отпочнат свој бизнис. Планираме за секој еден млад човек којшто ќе има добра идеја за почеток на бизнис да добие неповратни 10.000 евра помош од државата. Тоа не се кредити, младите нема да се задолжат и нема да бидат оптоварени.

Државата е тука да помогне. Покрај парите овие лице би добиле и просторни услови за работење, но и консултантска помош од искусни луѓе од соодветната област коишто треба да им помогнат во развивањето на својата идеја.

Главаната цел е да ги задржиме младите дома, во државата. Мора да им дадеме шанса и на оние коишто ја напуштиле да можат да се вратат.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски