(ВИДЕО) Манчевски: Коце нема капацитет да го води градот, оставка!

Од:

„Продолжува газењето на волјата на граѓаните заради Скопје 2014. Во континуитет Никола Груевски и Коце Трајановски го уништуваат зеленилото во центарот на Скопје. Последна жртва беа 59 дрва во кампусот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, рече на денешната прес конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје.

„Инвеститор, наредбодавател, идеен творец на уште два нови барокни објекти во центарот на градот е Никола Груевски. Слеп извршител како и секогаш Коце Трајановски. Од овие два документи станува јасно се.

Првиот е барањето кое Министерството за образование и наука ги испратило до градот со кое се бара сечење на дрвата, испратен на 11 декември. На истиот ден, веќе во 12:50 Градот Скопје извршил увид и утврдил дека треба да изврши сечење на дрвата. Тоа се гледа од овој документ. Експресно, повторно на истиот ден, на 11 декември, Коце Трајановски донел решение за сечење. Тоа е овој документ. Истата вечер, но веќе на 12 декември во 2:50, е извршено сечењето на дрвата. Скришно, во доцните вечерни часови, надвор од очите на јавноста, како професионални криминалци.

Ова покажува дека се работело за максимално координирана акција за сечење на дрвата. По налог на Никола Груевски, во рок од помалку од 24 часа се спроведува целата процедура. Коце Трајановски повторно слепо одработува за лудилото на Никола Груевски со Скопје 2014.

Зарем сите овие зелени површини во центарот на Скопје се единствените на кои мора да се градат згради? Зарем нема други градежни парцели надвор од центарот на кои може да се гради? На кој начин целата сеча на зеленило во Центар придонесува за намалувањето на загадувањето на воздухот? Никола Груевски и Коце Трајановски целосно го уништија центарот на Скопје.

Коце Трајановски нема капацитет да го води градот. Тој нема ниту сила, ниту амбиција да се спротивстави на лудилото на криминалецот и политичар во заминување Никола Груевски. На Скопје му треба вистински градоначалник. Коце Трајановски треба да поднесе итна и неотповиклива оставка. Затоа што на Скопје му треба многу повеќе и многу подобро“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство