(ВИДЕО) Манчевски: Ќе ги укинеме одредбите од Законот за прекин на бременоста

Од:

„Се приклучуваме кон Декларацијата, ќе ги укинеме одредбите од Законот за прекин на бременоста

Ова може јасно да се види и од нашата програма, од Планот за живот во Македонија, каде што јасно, децидно се обврзуваме дека ќе ги укинеме сите одредби од Законот за прекин на бременоста кои го ограничија правото на жените за избор во однос на ова прашање.

Ова е наша заложба и од тоа нема да отстапиме.

Целосно се приклучуваме кон Декларацијата, и како и досега, и во новото Собрание, но и во новата Влада, ќе ги почитуваме принципите на транспарентност и учество на сите заинтересирани страни во процесот вклучително и граѓанските организации. Зборувам како идна Влада во Република Македонија.

При носењето на новата законска регулатива, апсолутно ќе ги следиме сите препораки на Светската здравствена организација и обврските коишто доаѓаат од национални и меѓународни документи коишто се поврзани со човековите права.

Ние како партија, СДСМ ја покажа својата решителност при тоа носење на овој спорен закон во 2013-та година. По скратена постапка, на крајно нетранспарентен начин, без да се сослуша јавноста од страна на Собранието, и особено од страна на Владата. Тогаш ја бојкотиравме собраниската расправа затоа што едноставно не сакавме да учествуваме во овој процес на кршење на човекови права кој што се случи.

Во нашата програма имаме испланирано и многу повеќе чекори за остварување на родова рамноправност во Македонија.

Сега би сакал и тоа да го најавам дека планираме да ја зголемиме квотата за учество на жените во политиката на 50:50 значи со постигнат квалитет со што да, и во политиката генерално воспоставиме родова рамноправност. Ќе имплементираме родова перспектива во креирањето на политиките на национално и на локално ниво. Сакаме да најавиме дека планираме да воспоставиме и Секретаријат за родова рамноправност при Владата, кој ќе се грижи за имплементација на родовата перспектива во креирање на политиките, но и во креирање и на родов сензитивен јазик, секаде и на сите нивоа. Ќе водиме политика, реков, на родово сензитивен јазик и надминување на стереотипите особено во образованието.

И во рамките на евалуацијата на учебниците во основното и средното образование која што ја планираме на едно помасовно ниво, ќе го вклучиме и аспектот на родова рамноправност како и на родово сензитивниот јазик.

Ова се само некој од идните чекори коишто ги планираме како идна власт, заедно со како што гледам голем дел од партиите од оваа маса, претежно се опозициско настроени партии, и тоа покажува едно големо мнозинство на граѓани на Македонија, коешто апсолутно бидете сигурни, како платформа, како граѓанска организација дека цврсто застануваме зад вас во оваа ваша борба“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, во рамките на Платформата за родова еднаквост и нивната заложба за нов Закон за прекинување на бременоста.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски