(ВИДЕО) Манчевски: Голем дел од граѓаните се гладни, еве решенија за достоинствен живот

Од:

На денешниот светски ден на храната, светот се занимава со прашањето како луѓето да јадат здрава храна. Но, за жал, за Македонија оваа тема е далечна. Голем дел од граѓаните се гладни и воопшто немаат храна. Денеска, на светскиот ден на храната, Македонија се соочува со најголемата сиромаштија од прогласувањето на независноста. Денеска, симболично, со донација на прехранбени производи, на неколку семејства малку им го ублаживме секојдневието. Но, тоа не е решение на проблемот, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.


Според последните достапни официјални податоци, а тоа се од 2011 година, процентот на граѓани кои се гладни или не можат да си дозволат да јадат месо е дури 57%. Дури 40% од граѓаните, не можат да си ги платат основните сметки, за струја, вода, греење.

СДСМ предлага реални и издржани решенија за подобрување на животот на граѓаните:

–      зголемување на минималната плата на достоинствено ниво, што ќе гарантира задоволување на основните потреби на граѓаните,
–      активирање на граѓаните во социјален ризик на пазарот на трудот,
–      создавање на социјални претпријатија.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он