(ВИДЕО) Манчевски: Фамозното здружение доби гратис простор од Груевски!?

Од:

„Владата на Никола Груевски, на 17 февруари 2015 година донела одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Тоа е овој луксузен деловен простор, на Рекорд во Скопје, кој здружението го добива без надомест“, рече на денешната прес конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје.

„Се работи за фантомското здружение кое на градот Скопје му донираше пет скапи споменици, иако за три години имало прилив од вкупно 45 илјади евра. Здружението го води Ташко Јованов, кој повеќе од седум месеци е недостаоен за јавноста да одговори колку вредат спомениците, од каде нашол пари да ги плати и кои се нивните автори.

Ташко Јованов е недостапен за јавноста, ама достапен е за Никола Груевски. Достапен е да се појавува на трибините на т.н. Граѓанско движење за одбрана на Македонија. Еве сега гледаме дека бил достапен за Никола Груевски и за да му даде луксузен деловен простор, во центарот на Скопје, без никаков надомест во трајно користење“, изјави Манчевски.

SLV

„Никола Груевски со оваа одлука го признава она што цело време го говоревме, дека тој лично стои зад донацијата на спомениците. Сега веќе не бараме одговори ниту од Ташко Јованов, ниту од Коце Трајановски. Сега бараме одговори од политичарот во заминување Никола Груевски:

  1. Со што анонимното Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, ја задолжило толку државата за му даде луксузен деловен простор без надомест?
  1. Никола Груевски, колку вредат спомениците кои наводно анонимното здружение му ги донираше на градот?
  1. Никола Груевски, кои се авторите на петте споменици?
  1. Дали вие лично одлучивте еден од авторите да биде Валентина Стефановска, автор на повеќе споменици од Скопје 2014?
  1. Никола Груевски, од каде ги обезбедивте парите за петте споменици, со огледа на тоа што здружението нема финансиско покритие за таква донација“, прашува Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата