(ВИДЕО) Манчевски: Да се спроведат итни мерки за намалување на загадувањето

Од:

„Бараме градската и централната власт веднаш и без одлагање да спроведат итни мерки кои ќе го намалат загадувањето на воздухот:

1. Веднаш да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје.
2. Под итно, времено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот.
3. Да се воведе времена мерка за обврска од најмалку тројца патници во еден автомобил, a во спротивно автомобилот да биде исклучен од сообраќајот.
4. За да се заштитат децата и нивното здравје, училишниот распуст да почне порано од предвиденото.
5. Наместо греење за демонстрантите пред ДИК, власта да обезбеди греење за социјално најранливите категории на граѓани.

Ова се интервентни мерки кои што Градот Скопје и Владата треба да ги обезбедат во најкус можен рок. Но покрај краткорочните мерки, потребни се и долгорочни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

Токму затоа, новата влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз ќе воведе целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи ќе обезбедиме субвенции за најсовремени филтри. Преку двојното зголемување на задолжителното зеленило во Законот за просторно и урбанистичко уредување ќе обезбедиме враќање на зеленилото во градовите. Ќе субвенционираме фотоволтаични уреди за домовите и куќите за да граѓаните го користат сонцето како енергенс. Ќе субвенционираме 20% од трошоците за енергетски изолациски материјал на постоечките објекти.

Проблемот со загадуваниот воздух е резултат на сите погрешни политики на локалната и на централната власт. Потребна е сериозна и долготрајна стратегија за надминување на овој проблем. Но, пред се потребни се промени. Промените на централно ниво станаа реалност. Со оглед на резултатите од парламентарните избори, граѓаните на Скопје ќе донесат промени и на локално ниво“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ