(ВИДЕО) Манчевски: Бараме ослободување на притворените невини студенти од протестите на 5-ти мај

Од:

„На денешната седница на дневен ред се две точки по барање на СДСМ и опозициската коалиција:

  • Информација за упадот на полицијата во дворот и објектот на библиотеката Браќа Миладиновци при протестите на 5-ти мај и
  • Информација за средношколските протести и состојбите во средните училишта на Град Скопје

 

Се работи за теми кои се поврзани со спонтаните граѓански протести пред Владата по објавувањето на вознемирувачките разговори во врска со обидот за прикривање на убиството на Мартин Нешковски, како и противењето на средношколците на лошите состојби во образованието. Се работи за институции коишто се под надлежност на градот“, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери.

„Вознемирувачката содржина и нечовечноста на врвните функционери на Владата во постапувањето со убиството на Мартин Нешковски, предизвикаа огромен гнев кај граѓаните на Скопје. Меѓутоа, според нашите информации, помеѓу демонстрантите беа уфрлени и провокатори коишто ја нападнаа полицијата. Реакцијата на полицијата беше брутална и со прекумерна употреба на сила. Во притвор се голем број на студенти коишто се невини и коишто на никаков начин немаат придонес во нападите брз полицајците.

Имајќи во предвид дека причина за протестите е обидот да се прикрие брутално убиство на невин млад човек од страна на припадници на МВР, СДСМ бара итно ослободување на притворените невини студенти од протестите на 5-ти мај.

За убиството мора да има и командна одговорност, како и одговорност за оние коишто со денови се убидувале да го прикријат убиството. Истовремено бараме итно покренување на истрага и процесуирање на случајот за обидот за прикривање на убиството на Мартин Нешковски на сите инволвирани официјални лица од МВР.

Ослободувањето на притворените и повторното отворање на истрагата за убиството на Мартин Нешковски, само може позитивно да влијае на олабавување на политичката тензија којашто владее во државата, во исчекување на оставката на Никола Груевски“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања