(ВИДЕО) Манчевски: Алармантна мерка против загадувањето е промена на власта!

Од:

„Денес жителите на Скопје, повторно се разбудија во магла. После 10 години во сеење на магла, најголемиот проект по којшто ќе го запаметиме владеењето на режимот на Никола Груевски е тоа што Македонија стана најзагадена земја во Европа.

Прва, најитна, приоритетна, алармантна мерка за намалувањето на загадувањето на воздухот е итната промена на власта.

Откако заедно со граѓаните ќе ја спорведеме оваа мерка, ќе продолжуваме со спроведувањето на Планот за живот во Македонија којшто предвидува. Итна гасификација на цела Македонија со приоритет на големите градови, субвенции за филти за големите загадувачи. Свесни сме за принципот дека загадувачот мора да плати, но приоритет ни е здравјето и животот на граѓаните.

Во првите две години од мандатот, ќе обезбедиме поволни кредити за замена на технолошки застарените производствени линии со нови и ефикасни системи.

Заедно со локалните власти и со сообраќајната полиција ќе обезбедиме сообраќајни режими којшто ќе обезбедат намалување на загадувањето на воздухот.

Ќе ја комплетираме и мрежата на мерни станици на следење за загадувањето на воздухот, но исто така ќе изградиме и систем, за мерење на загадувањето на почвата и воздухот, а податоците ќе бидат јавни и достапни за граѓаните.

Ова се само дел од долгорочните мерки и политики во Планот за живот во Македонија. За жал Скопје и другите градови се наоѓаат во катастрофална состојба со загадениот воздух.

Затоа се потребни итни мерки, а не само препораки какви што издаде Коце Трајановски. Потребни се итни мерки и обезбедување на финансиски средства за обезбедување на овие мерки, но пред се најитно е потреба смена на централната и на локалната власт во Скопје, за да може да живееме во Скопје и да живееме во Македонија“, изјави Дамјан Манчевски, кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, и потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски