(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

Од:

СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев. Судството е во ваква очајна состојба со 2% доверба, затоа што Заев, Филипче и СДС ги купуваа судиите со проекти и пари, а тие за возврат свиреа како што ќе им се диригираше, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .

– Нанев беше омилен судија на Заев и Филипче, па така тој експресно напредуваше во времето на СДС, затоа што ги извршуваше нивните насоки. За извршување на насоките и послушноста, Нанев добил и награда. Димова како директорка на Агенцијата, му доделила проект, на сега веќе разрешениот, судија Лазар Нанев, проект од делот на Европските фондови КА201, кој е со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра.

Невладината која го доби овој проект е приватна организација на Нанев, во која само тој фигурира. Ниту има вработени, ниту пак има некои други овластени лица. Патем, Нанев е човекот кој беше задолжен за ревизија на АКМИС-от во Министерството за правда во свое време и висок функционер во судската власт. Исто така, Нанев беше судија кој водеше случаи против поранешни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, работејќи по насока на Зоран Заев.

Додека во Германија, вакви проекти се даваат на Институтот Гете или пак Фридрих Александар Универзитетот, во нашата држава Зоран Заев и СДС купуваа судии и влијанија со парите од Националната Агенција Еразмус +.

Димова никогаш не одговори за што беа одобрени овие нешто над 7 милиони денари или околу 120 илјади евра. Како невладина организација од само еден човек, притоа судија, добива проект на невообичаен начин виден во тоа време. Дали Нанев овој проект го добил на база на награда за прогоните кои ги вршеше врз политичките опоненти? Ова беше начинот на којшто Димова, Заев и СДС, ја водеа државата. Со купување на судии и на обвинители. Затоа сега судиите ги штитат и не ги судат. Затоа довербата е 2% во правосудството. СДС, Филипче и Заев, знаат само за поткуп, криминал и корупција. Затоа на нив сега им смета кога некој си ја работи чесно својата работата. Сега доаѓа времето на правдата и чесноста, изјави Манасиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски