(ВИДЕО) Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче

Од:

„Криминалите во здравството не би можеле да се случат без Филипче. Во периодот кога на пациентите им биле давани физиолошки раствори, наместо онколошки терапии, Филипче беше министер за здравство. Кога изгореа 14 луѓе во Модуларната болница, Филипче беше министер за здравство. Кога сакаше да ќари газда Венко од тендери со блиска негова веледрогерија и да купи вакцини по двојно повисока цена од фантом фирма, Филипче беше министер за здравство“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека „Најголемите скандали, корупции и криминали во историјата на здравството се случија во мандатот на Филипче. Затоа, Филипче треба да одговори, дали тој стои позади овој случај во Онкологија каде што од Буџетот на државата биле исцедени 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра?“.

„Дали можеби од овие украдени пари од Буџетот директно на грбот на граѓаните и маката на пациентите на Онкологија, Филипче си купил акции во индиска авиокомпанија и вложил во бизнис за градежништво, каде што во Дубаи заедно со Заев градат 50катница? Дали со овие пари Филипче ја добил златната виза. Филипче продолжува да молчи, а тоа делува како да нема став за овие прашања. Филипче треба да се соочи со вистината и доколку ова што го прашуваме не е вистина, може слободно да не демантира, меѓутоа тој тоа не го прави. Дали се крие нешто позади сиве овие случаи, само Филипче и судството знаат“ рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски