(ВИДЕО) Макрадули: За лов да не се спрема Коневски?

Од:

И во Аеродром ДПМНЕ си има свој Коце, дисциплиниран извршител на сите бизнис планови на фамилијата. Актуелниот градоначалник на Аеродром како типичен послушник на владата направи место каде царуваат погрешни приоритети, фризирање на реланоста со фонтани и паркчиња, а во последно време ќе се градел парк со елени и срни, за лов да не се спрема дечкото?, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули на митингот на Сојузот за иднина во општина Аеродром.

-Колку е лицемерно кон граѓаните кога мака мачат со основните животни потреби, да им пркосите со забегани проекти. Ист Коце, на една страна раскош, а некаде заборавени дека постојат, а само километар од тој парк има улици со кратери. По наредба на фамилијата општината делеше парцели по багателни цени, на еден тендер се натпреваруваа татко и син, на вториот друг татко и син, на третиот браќата Каленикови, рече Макрадули.

На 24. март да ја поразиме политиката на шминкање на реалноста. Деновиве власта ја води најцрната кампања, не се бираат зборови за да не обвинат, не бираат средства да напакостат на нашите штабови, но џабе им е, промените ќе се случат, порача Макрадули.

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ