(ВИДЕО) Макрадули: Ивон е во право, дискусијата за парламентарните веднаш по локалните

Од:

Јани Макрадули кандидат за градоначалник на град Скопје, на денешната прес конференција го потврди ставот на британскиот амбасадор Кристофер Ивон кој во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека дискусијата за предвремените парламентарни избори треба да започне веднаш по завршувањето на локалните.

„Ние точно знаеме дека се договоривме веднаш по завршувањето на локалните избори да отпочнат преговорите за предвремени парламентарни избори. Британскиот амбасадор е потполно во право, впрочем како и целата европска јавност која го знае тоа“, рече Макрадули.

Во однос на тоа дали опозицијата ќе поднесе кривични пријави за нерегуларноста на изборите Макрадули изјави дека: „Подготвени се серија кривични пријави од опозицијата. Поднесувањето на кривични пријави не треба да зависи од опозицијата, туку од носителите на државните функции кои добиваат огромни пари од граѓаните да си ја вршат работата а не да работат за ВМРО-ДПМНЕ и да го прикриваат криминалот.

Во сред кампања министерот и шеф на изборен штаб Никола Тодоров кажа дека од денес некои луѓе ќе одат на работа. Мислат дека со ова ќе го надокнадат поразот од првиот круг што им претстои во општина Центар?“

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно