ВИДЕО: Македонија ќе користи средства од Зелениот климатски фонд

Од:

Македонија ќе ги користи можностите од Зелениот климатски фонд за периодот од октомври 2017 до март 2018 година, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Владата го задолжи Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, како назначен национален орган да ја информира Владата за реализираните и планираните активности за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд најдоцна до 30 октомври 2018, а по потреба и порано, рече Бошњаковски.

Истакна дека оваа програма вклучува девет држави кои се подобни за користење средства на овој зелен фонд – Албанија, Ерменија, Македонија, Грузија, Јордан, Молдавија, Монголија, Србија и Тунис. Вкупниот буџет на располагање на овие девет држави изнесува 578 милиони евра и може да се потроши во реализација на четири компоненти.

– Првата е дијалог за политики и акциски планови за зелени градови, инвестиции во инфраструктурата за зелени градови, техничка поддршка и градење капацитети, патоказ за капитал за зелен развој, рече Бошњаковски.

Македонија, додаде Бошњаковски, ќе има можност да користи околу два милиони евра од вкупниот буџет, како грант што би се користел за реализација во рамки на сите четири проекти и дополнително од овој фонд можно е да искористиме околу 14 милиони евра како заеми кои би се користеле од страна на општините и градовите во рамки на втората компонента инвестиции во инфраструктура за зелени градови.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски