(ВИДЕО) Лукаревска од Струмица: СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците

Од:

СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците, силно ги поддржуваме и ги почитуваме, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, денеска на трибината „Решенија што прават разлика“ во Струмица.

-Од година во година ги зголемуваме субвенциите за „македонското жолто злато“ – тутунот и откупните цени се највисоки досега. Винарството и лозарството се исто така сектори со висок приоритет за нас. За лозарите се подготвува нов модел на субвенционирање од 100 процентна корист за секој лозар за да се сочува бројот на лозови насади и да се подобри квалитетот. Ние сме мала земја која минатата година беше на 15-тото место во светот по девизен прилив од извоз на вино. Тој прилив од година во година е сè поголем. Со искрениот партнерски однос со лозарите и со винариите, во буџетот и пред време се враќа секој денар даден како поддршка. Таа поддршка од СДСМ секогаш ќе ја имаат особено сега кога ширум се отвораат портите на големиот европски пазар, рече Лукаревска.

Извршивме измени на Законот за земјоделско земјиште со цел секоја стапка обработливо земјиште да биде ставена во функција на производство на храна, истакна Лукаревска.

– Со овие измени за прв пат го заштитуваме квалитетното и обработливо земјоделско земјиште од манипулациите со неговата пренамена во градежно. Така се сака земјата и така се почитуваат оние кои ја обработуваат, рече заменик претседателката Сања Лукаревска на трибината на СДСМ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и на образованието и на здравството

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката

Лукаревска: МојДДВ го зголемуваме на 3.000 денари

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ