(ВИДЕО) Лозановска: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случајот со Леонид

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случај со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДСМ и ДУИ, седум години само местеа тендери и крадеа. Владеењето на СДС и ДУИ многу ги чини граѓаните, цената на чинење често во овие седум години се покажа дека е и во човечки животи. Последен случај е оној со младиот Леонид Индов со кој се сликаа и наводно го пратија на лекување на 6 февруари, но за две недели веќе му рекоа нема да се плати лекувањето, изјави Олга Лозановска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Фондот за здравствено осигурување вели барањето за Леонид било за извршување медицинска услуга-рехабилитација, а не упатување на лекување, односно законот познавал само лекување, а не и услуги. Прво, зарем рехабилитацијата не е лекување, а второ, ако треба да се прецизира во закон што правеле седум години. Дополнително на ова на страна 142 од програмата на СДСМ за парламентарните избори во 2016 година насловена како План за живот, ветуваа Фонд за лекување во странство на деца до 18 години. Леонид има 18 години, ама Фондот ветен за лекување во 2016 го нема.

Во целиот овој случај, како и во сите други кога станува збор за лекување, поентата е да се делува, да се лекува, а не менаџерите во здравството да се фотографираат со пациентот.На сите им е јасно дека пари за лекување нема затоа што оваа ненародна власт само крадеше седум години, местеше тендери. Затоа сведочевме на случајот Онокологја, местење на тендери како последниот за РЕК Битола.Нема да дозволиме наместо Фондот за здравство да обедзбедува средства за лекување, тоа да го прават граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да дозволи вакви злоупотреби на болни лица. Нема да дозволиме никогаш повеќе да се прави пиар од болни лица. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да се обезбедат средства за лекување, а не да го краде народот како што тоа се случуваше седум години – рече Лозановска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари