А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Локвенец: Стануваме 30 земја членка на НАТО, се приближуваме кон ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа против напредокот на државата

by А1он06/03/2020 - 13:15284
Share0

„СДСМ покажа дека има визија и дека знае да обезбеди стабилна, безбедна и просперитетна иднина. Изминативе три години донесовме тешки, паметни и храбри одлуки, со кои ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот.

Тоа освен што значи безбедност и стабилност, носи и повеќе пари за граѓаните“, вели Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Само за една година, откако ја добивме поканата за членство во НАТО, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со оној од 2017 година.

Довербата во македонската економија е вратена, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.

Членството во НАТО за нашата земја отвора и други можности.

Веќе од оваа година се отвора пазар вреден 4 милијарди евра годишно за нашите компании. Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации стануваат достапни за сите македонски компании да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи.

Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев го отворија и патот на Република Северна Македонија кон Европската унија.

Денес сме чекор поблиску до почеток на преговори со Унијата.

Последниот Извештај на Европската комисија потврдува дека сме на правиот пат. Нотиран е нашиот напредок во сите области: во правосудството, во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација.

Тоа го признаваат сите, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и уназадување, ние за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред.

До толку се против напредокот, што и Извештајот на Европската комисија Мицкоски го прогласи за лажни вести. Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, а што не е.

Затоа се осамени во матрицата на деструкција, блокади и изолација и затоа ќе изгубат на 12 април. Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, докажавме дека со СДСМ НАТО и Европската унија се реалност.

Сега е важно да продолжиме напред, уште посилно и уште подобро, и на следните избори да избереме Парламент и потоа Влада кои стабилно ќе ја раководат државата кон сигурна иднина.

СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме“, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:21

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео