(ВИДЕО) Локвенец: Само губитник во очај меша фамилија за ситни политички поени

Од:

Хари Локвенец, кандидатот за градоналаник за Прилеп на „Сојузот за иднината“ одговори на , како што вели навредите за него и за татко му од страна на премиерот Никола Груевски на митингот во Прилеп.

Локвенец сметал дека имеле нешто заедничко, почитта кон христијанската религија и почитта кон семејството. Во духот на христијанската љубов, вели, не смееме да зборуваме, да мислиме, а најмалку да правиме нешто лошо за фамилијата на било кој – па макар тоа да е нашиот политички конкурент или противник.

„Само губитник во очај меша фамилија за ситни политички поени. На сите им е јасно дека губите. Ве прочита народот. Ви следи голема народна казна на 24 март. Нема да се спасите со очајнички потези.Не барам да ми се извините мене лично. Треба да и се извините на целата македонска јавност.

– Срамота е премиер на 2 милиони граѓани да користи толку низок речник. Срамота е премиер на цела Македонија да се служи со ниски и валкани навреди. Срамота е за народот и државата. Вашиот послушник, Марјан Ристески ги одмолча навредите. Молчеше и кога Вашата Благородна Дулиќ ги нарече Прилепчани мајмуни.

– Вашите послушници молчеа кога новинарите и пратениците со сила беа исфрлени од Парламентот на “црниот понеделник“. Молчеа кога изгласаа амнестија за Хашките случаи и го изгласаа Талат Џафери за министер“, вели Локвенец.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември