(ВИДЕО) Локвенец: Проектот за 500 акумулациии е реален, колегата Пешевски нека дојде да се увери

Од:

Проектот за 500 акумулации го промовиравме пред неколку месеци, уште во ноември, под името чиста петка, ама од мој аспект за издржаноста на овој проект, главен доказ беше вниманието кое му го посветија и премиерот и заменик премиерот, одговори Хари Локвенец, на новинарско прашање зошто со овој проект се занимава премиерот, вицепремиерот и половина влада и дали тој има реална основа или, пак, е вистина тоа што тие го тврдат, дека е препишан проект.

Тоа за мене е гаранција, колку тој проект е издржан. Од друга страна ако еден заменик премиер или министер во влада узурпира медиумски простор, јас лично очекувам дека тој истиот би го искористил да промовира некој од проектите кој тој ги сработил или планира да ги сработи, во конкретниов случај за Прилеп заедно со нивниот кандидат господинот Марјан Ристески. Арно ама тоа не се случи.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада