(ВИДЕО) Локвенец: Го укинуваме екстерното и ги креваме платите за наставниците

Од:

„Криминалната власт на Никола Груевски, го урниса образовниот систем во државата.

Ги стави во покорност наставниците и професорите, преку инспекции и екстерно тестирање.

После победата на 11-ти Декември, веднаш го укинуваме екстерното тестирање!

Го намалуваме бројот на предмети и часови во основното и во средното образование.

Ќе го намалиме бројот на ученици во паралелка, најмногу на 25-мина, со цел квалитетна настава.

Наместо казни, ќе ги мотивираме наставниците и професорите со награди.

Почетничката наставничката плата ќе ја изедначиме со просечната плата во државата, која ќе изнесува 30000 денари.

Ќе ги ревидираме сите стекнати дипломи.

Ќе започнеме со изградба на нови градинки, со цел да го зголемиме за 50% бројот на деца во градинките.

Целосно ќе ја поддржиме автономијата на Универзитетот,а буџетот за наука ќе го зголемиме за 50%.

На факултетите, целосно ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот.

Ќе има пократки студиски програми со практични знаења на дипломираните студенти.

Конечно, образованието ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места.

Обезбедуваме живот за сите!

Бројот 4, е глас за живот во Македонија“, изјави Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата