(ВИДЕО) Локвенец: 16.000 денари мининамлна плата и достоинство за работниците

Од:

„Ставаме крај на криминалната власт на Никола Груевски.

Го враќаме достоинството на работниците.

Обезбедуваме со закон минимална плата од 16.000 денари до 2020 година за сите сектори, вклучително и за вработените во одделите за текстил, облека и кожа.

Ова значи дека семејство со двајца работници, безгрижно ќе ги покрива трошоците за живот.

Првиот чекор е зголемување на минималната плата на 12.000 денари уште во 2017.

Нема да има отпуштања од работа, бидејќи државата ќе им помогне на стопанствениците.

Во првите 100 дена од мандатот, ќе донесеме закон со којшто ќе бидат финансиски обезбедени сите стечајни работници.

Воведуваме помало работно време за повозрасните работници.

Работничките од 60 години и работниците од 62 години старост ќе работат по 6 часа, до пензија, без да им се намали платата.

Ќе биде платен секој час прекувремена работа на работниците.

Бремените жени нема да стравуваат за работното место, и ќе се вратат на своето место после породилното отсуство.

Нудиме вистинска заштита на работничките права во законот за работни односи.

Договарање на работните односи преку колективен договор во приватните компании.

Нема да дозволиме експлоатација на работникот.

Обезбедуваме живот и достоинство за сите граѓани на Прилеп и на Македонија.

Бројот 4 е план за живот во Македонија“, изјави Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ