ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Од:

Пожарот што избувна во реонот на тврдината Исар во Штип е ставен под контрола благодарение на брзата интервенција на копнените екипи и воздушната поддршка со „ер трактор“.

Според последните информации од терен, огнот повеќе не претставува опасност за блиските куќи и нема знаци на негово понатамошно ширење. Надлежните служби продолжуваат со активности за целосно догаснување и обезбедување на подрачјето околу Исар.

Во меѓувреме, активен е и пожарот во Пробиштипско, кој започнал меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарот во атарот на Бучиште е локализиран, но во него изгорела една куќа. Дел од огнената линија се префрла кон селото Ратавица, каде екипите продолжуваат со интервенција.

Третиот активен пожар е во Општина Чешиново-Облешево, во атарот на селото Новоселани, каде гори ниска вегетација. Надлежните служби ја следат состојбата и преземаат мерки за спречување на ширењето на огнот.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола