(ВИДЕО) Липковски: Безбеден сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање на максимални услови

Од:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува за сообраќајот во градот и околните населени места што припаѓаат на општината. Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните, изјави на конференцијата кандидатот за советник од листата на движењето ЗНАМ за Куманово, Игор Липковски.

Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем – реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз. Сето тоа е доволен показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија.

Во следниот период се предвидува:

• Целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии (ул. „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Ленинова“, „Народна Револуција“, бул. „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“) и ул. Моша Пијаде.
• Изградба на три нови кружни текови за побезбеден проток и намалување на метежот.
• Нови звучни семафори на клучни крстосници за полесно движење на лицата со попреченост.
• Модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз.
• Фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро.
• Уредување на дополнителни паркинг-простори, вклучувајќи подземни катни гаражи и модуларни паркинзи.
• Подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај.

Безбедниот сообраќај е одговорност на сите – и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани, додаде Липковски.

Куманово ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно.

Би можело да ве интересира

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски