(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Од:

Партијата Левица објави дека претседателот на нејзиниот подмладок „Црвена младина“, Андреј Куцуловски, e приведен за време на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел, при што, според нив, причина било истакнување на знаме на Палестина.

Во објава на социјалните мрежи, од партијата наведуваат дека приведувањето било извршено без образложение, без наведување на конкретен прекршок или кривично дело, како и без легитимирање на полициските службеници.

„Тој беше оттурнат и со лисици однесен во полициска станица, како да станува збор за високоризичен криминалец“, стои во реакцијата на Левица.

Од партијата упатија критики до Панче Тошковски и институциите, тврдејќи дека полицијата демонстрира сила врз млади лица кои, според нив, не сториле прекршок, додека „вистинските криминалци“ остануваат неказнети.

Левица најави дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за, како што наведуваат, расчистување на случајот.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална информација за причините за приведувањето.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци