ВИДЕО: Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, порача Апасиев

Од:

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, изјави дека неговата партија станува новиот лидер на опозицијата во Македонија. Тој соопшти дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, влегува во вториот изборен круг и дека Левица освоила над 70 советнички места низ државата.

„Левица е вистинскиот лидер на опозицијата. Планот за пасокизација на СДСМ се оствари. За Орце имам порака – не бегај од дебата!“, изјави Апасиев.

Според него, Левица освоила второ место пред СДСМ во повеќе општини во главниот град, меѓу кои Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир, како и во Велес.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, се заблагодари за поддршката и нагласи дека за првпат во Скопје во втор круг влегува кандидат кој не е поддржан од ниту една од двете најголеми партии.

„Денеска Левица испиша историја. Покажавме дека има надеж, а во вториот круг ќе ја претвориме во реалност. Илјадници скопјани се охрабрија да гласаат за промена и сакаат град за кој ќе се грижат вистински луѓе. Се соочуваме со две визии – едната, застарена и корумпирана, и нашата – визија од љубов кон Скопје“, рече Мециновиќ.

Тој порача дека ова е само првото полувреме од борбата за главниот град и најави уште посилна кампања во вториот круг.
„Го дочекавме денот кога ВМРО и СДСМ нема да ни бидат судбина. Ги повикуваме сите разочарани да ни се придружат, затоа што ова е наша борба и наша приказна за нашето Скопје“, додаде Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини