(ВИДЕО) Лекарите од цела Македонија до Тодоров: Дојдете, затворете не, не се плашиме

Од:

На денешниот марш на лекарите на кој се приклучија и специјалистите од сите градови на земјава кои му порачаа на министерот да ги види добро и да свати дека не му се плашат.

„Во овие времиња кога цела Европа бара доктори, тој се закани дека нас ќе не брка од работа. Повелете господине министре, но мислам дека сме на погрешно место. За да се среди состојбата во здравството треба да има политичка одлука и воља на главата на главата а сите знаеме кој е главата на владата.

-Еве јас сум тој, повелете, дојдете, избркајте ме од работа, затворете ме, се повеќе ќе има како мене кои нема да се плашат од било која власт, зашто ние им требаме на пациентите.

Господине министре вие влијаете врз елитата на универзитетот, но докторите се посебен ков зашто се соочуваат секој ден со разни предизвици и ги решаваат“, порача Гоце Чакаровски, лекар специјалист од Битола.

До министерството се обрати и Билјана Ангелковиќ во име на медицинските сестри.

Докторот Никола Симоновски од Охрид рече дека на прагот на 21 век, никогаш не сонувал дека ќе дојде време да штрајкува.

Никога не сонував дека ќе дојдам да штрајкувам, дека не враќаат во 20 те години на 20 век. Да се избориме за своите права како што се изборија сите работиници“.

„Министре, знам зашто не го гледаш штрајкот, и на телевиизја кога се појавуваш немаш смелост да гледаш во очите, знаеш дека те гледаме“.

„Не можеш во очи да не гледаш зашто знаеш дека земаме пари колку што зема еден чувар во ЕЛЕМ, еден обичен службеник кја тебе зема плата колку и еден лекар специјалист. А за закните министре, не се плашиме зашто знаеме за што се бориме.Ќе издржиме до крај министре“, беше пораката доктор Асим Муса од Струга.

Азра Куч од гинекологија пренесе дека штрајкот на лекарите го поддржуваат 17 здруженија на пациенти.

Беше упатен апел до сите лекари и здравствени работници не само декларативно да даваат поддршка, туку и да го надминат стравот и да се приклучат.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти

Бојчевски: Приоритет на новата влада да бидат здравствените работници кои повеќе од пет години се без здравствено и пензиско осигурување