(ВИДЕО) Лазаревска: СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик

Од:

Денеска оддаваме почит и го славиме делото на Свети Климент, создавачот на првиот универзитет на Балканот со огромен придонес за македонската писменост, јазик, идентитет. Токму на овој ден со гордост може да кажеме дека СДСМ го обезбеди признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, го штити и унапредува. Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, а со потпишување на Договорот со Фронтекс е дел и од Европската унија. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Подготвивме и нов Закон за употреба на македонски јазик, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

– Со овој закон се прошируваат областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Се проширува опсегот на задолжително лекторирање на текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката. Согласно Законот се предвидува основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице. Грижата за македонскиот јазик не завршува тука.

После 24 години, обезбедивме можност за 16 вработувања, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки во Институтот за македонски јаик. Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, за трајна заштита на околу 5 милиони вредни записи на македонски текстови, некои од нив дури од 14-от век. Во тек е проектот за реконструкција и ревитализација на старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно, односно негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Го поддржавме и проектот за дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Дигитализиран е и Правописот на македонски јазик. И е воведен Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година, кога тогашната Влада го официјализира современото македонско писмо. Со сето ова покажуваме цврста определеност да осигуриме ефективна заштита, негување, промоција и афирмација на македонскиот стандарден јазик!
Македонскиот јазик денес е научна, книжевна и политичка реалност во Европа и светот – рече Лазаревска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Од организатори на кафеански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пиар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите

СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

СДСМ: 30 дена на Мицкоски, 30 лоши политики

Горан Наумовски

СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

Имотот на Јанушев СДСМ го поврзува со кинеските автобуси: За седум години сигурно ќе го затворевте ако имаше криминал одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Нема подарен имот туку погрешно внесени податоци, паразитите кои ја руинираа зградата на владата паничат

Катерина Ѓуровски