(ВИДЕО) Лазаревска: Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците

Од:

Институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти, изјави на прес конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

– Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.

Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети. Значително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720.

Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици.

Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400.

СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците. Почитувани ученици и просветни работници. Со среќа и успех во новата учебна година – рече Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Филипче во Струга: Да се избориме за држава што не е ничија приватна сопственост

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Горан Наумовски