(ВИДЕО) Лазаревска: Ѓорчев се уште не закажува седница на собраниската Комисијата на Законот за исплата на платите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев продолжуваат да работат директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

На два три дена сме пред распуштање на Собранието, а Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Комисијата за труд и социјална политика се уште не закажува седница на Комисијата на која ќе се расправа за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

„Христијан Мицкоски и Влатко Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме Мицкоски и Ѓорчев барем еднаш да размислуваат во интерес на граѓаните и да престанат да ги блокираат проектите коишто на граѓаните им обезбедуваат напредок и подобар животен стандард.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вистински се грижи за сите граѓани и реализира мерки кои директно влијаат на подобрување и олеснување на животот на сите.

Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, наспроти штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање