(ВИДЕО) Лазареска: Мицкоски со нови бесмислици бега од одлуката, дали ќе го избере ЕУ блокот или Левица?

Од:

„Нема посоодветно место од овде, од македонското Собрание да ги посочиме придобивките за граѓаните од стратешките одлуки кои мнозинството пратеници ги донесе. Успеавме да го унапредиме македонскиот јазик и дома но и во Европската унија“, рече Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

„Потпишавме Договор за ФРОНТЕКС на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, со што го издигнавме на ниво на јазиците на ЕУ.

Фронтекст е прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик. Со тоа, нашиот јазик е потврден во ЕУ и рамноправен со останатите јазици во Унијата и не може да биде оспоруван од никого.

Пропаднаа сите лаги и хистерии на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица кои тврдеа дека јазикот ќе бил загрозен, ќе бил дијалект на бугарскиот јазик и други слични бесмислици со кои ја плашеа македонската јавност.

Да биде иронијата поголема, токму ВМРО-ДПМНЕ беа тие кои не гласаа и воопшто не беа присутни во пленарната сала кога се ратификуваше Договорот за македонскиот јазик во ЕУ.

Сега наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски измислува нова глупост за наводно редифинарање на државата.

Очигледна е намерата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да побегнат од одлуката дали ќе се приклучат на проевропскиот блок или ќе останат со левица во анти ервопскиот.

Стар и веќе виден пристап на сеење лаги, како што беше за бугаризација, асимилација, мигранти, кантонизација и што ли уште не.

Време е за глас за Европа во македонското Собрание а не за нови бесмислени измислици кои немаат никаква врска со реалноста.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикуваме да размислат и конечно да одговараат:

Дали ќе се приклучат на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица?“, изјави Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните