(ВИДЕО) Ласкова: Поддржуваме хуманост и одиме чекор понатаму, создаваме систем за грижа од државата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како партија која ги поддржува хуманоста и солидарноста како базични човечки вредности им го честита на сите хумани луѓе Денот на хуманитарната помош. Да продолжиме да бидеме човечни, да си подаваме рака секогаш кога ни е потребна помош. Да не чекаме големи непогоди и катастрофи да не потсетат дека треба да си помагаме едни на други, рече координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

„Неодамнешните поплави, кои за жал однесоа десетици човечки животи, потврдија дека македонските граѓани се солидарни и хумани. Сепак, сакаме да порачаме дека хуманитарната помош не е и не смее да биде замена за помошта што граѓаните треба да ја добиваат од државата.

Ќе понудиме систем кој се грижи за граѓаните. Нивното здравје и нивната социјална егзистенција нема да зависат од хуманитарни акции и СМС-пораки!
Здравствениот и социјалниот систем треба да превенираат и да овозможат грижа на граѓаните кои се ранливи и во тешка состојба, а хуманитарните активности да бидат само дополнителна поддршка“, рече Ласкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана