(ВИДЕО) Лабудовиќ: Не ветувам чуда – ветувам знаење, посветеност и одговорност

Од:

Заедно со мојот тим и со граѓаните ќе изградиме подобар, почист, поуреден, позелен и похуман Центар. Затоа што Центар е повеќе од општина – тој е енергија, приказна и начин на живот, место каде што се среќаваат уметноста, младоста, историјата и секојдневнието што го создаваат духот на Скопје, порача на завршната прес конференција кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ.

Тој најави дека еден од најубавите капитални проекти предвидени во неговата програма е изградба на Плоштад Феникс, како симбол на новата енергија.

„Тоа ќе биде нов, модерен и зелен плоштад – место за култура, уметност, музика, семејства и пријатели. Место каде ќе градиме нови спомени, место кое ќе стане симбол на градот Скопје и гордост на центарци“, рече Лабудовиќ.

Плоштадот ќе биде дел од комплексот за нова општинска зграда, која ќе биде пример за самоодржливост, еколошки пристап и иновација. „Важно е да напоменеме дека под целиот овој простор предвидени се подземни паркинг места за жителите на општина Центар. Општинската зграда, подземниот паркинг и сите капитални инвестиции ќе го направат животот во Центар полесен и поуреден“, нагласи Лабудовиќ.

Тој најави борба против бетонизацијата што го задушува Центар и враќање на зелената боја, рамнотежата и убавината во општината.

„Бетонизацијата и корупцијата мора да се запрат во корен. Ќе садиме дрвја, ќе создадеме мини-паркови, детски и спортски игралишта. Ќе го претвориме секој запуштен агол во простор што носи живот, а не бетон“, рече Лабудовиќ.

Лабудовиќ истакна дека еден од неговите приоритети се децата и најави подобрување на условите за образование, безбедносни рути до училиштата и поддршка на младите таленти.

„Во Центар, секое дете ќе има здрав, топол и вкусен оброк, подготвен од лиценцирани нутриционисти со свежи, домашни и внимателно избрани производи. Во секое училиште ќе има 24/7 физичко обезбедување затоа што безбедноста на децата не смее да зависи од буџетот на родителите“, посочи Лабудовиќ.

Ќе има значително зголемување на капацитетите за паркирање, со нова катна гаража во Буњаковец, но и воведување смарт-систем. Паркирањето ќе биде лесно и достапно, како што му доликува на Центар. Со проекти како Центар хаб и Здравствен хаб ќе се создададат нови простори за дружење и грижа.
Лабудовиќ ги повика граѓаните да излезат на гласање в недела, испраќајќи пораката: „Јас не ветувам чуда, но ветувам знаење, посветеност и одговорност. Ветувам општина што ќе ги слуша граѓаните и заедно со нив ќе изгради поубав и подостоинствен Центар.“

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

ЗНАМ: Нашиот став, но и тој на Владата е јасен, нема простор за прифаќање на мигранти во Македонија

Горан Наумовски

ЗНАМ: Среќа за сите што Милошоски не е премиер на Македонија