(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Од:

И оваа академска година започнува со разочарување за илјадници студенти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска, повторно ја покажува својата неспособност да се грижат за образованието, за студентите. Конкурсот за прием на студенти во студентските домови се објави, но не за сите студентски домови. „Кузман Јосифовски – Питу“ останува затворен, и покрај ветувањата на министерката Јаневска дека ќе биде реновиран и подготвен за вселување до октомври 2025 година, изјави Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.

– Лани во октомври министерката Јаневска ветуваше дека оваа академска година студентите ќе влезат во реновираните домови во Скопје. Но и ова ветување како и сите други на ВМРО ДПМНЕ се само Година дена подоцна, ништо од тоа! Студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу останува затворен, а студентите принудени сами да бараат скапо приватно сместување.

Ова е класичен пример за неспособност и лажно ветување! Ниту услови за сместување, ниту хигиена, ниту достоинствен живот за студентите – само празни зборови и уште една загубена академска година за младите. За ВМРО ДПМНЕ не се важни студентите, ниту нивните потреби. Власта не ги продолжува ниту добро воспоставените мерки од СДСМ. Министерката Јаневска во опозиција ја критикуваше мерката за студентски оброк дека била „мизерна поддршка“. А денес? Истата таа Јаневска не само што не го зголеми студентскиот оброк, туку дури и го замрзна неговото покачување, и покрај предлозите за зголемување во Собранието. Ветуваа подобар студентски стандард, а носат само апатија, разочарување и празни мензи. Ние младите Социјалдемократи ќе продолжиме да се бориме за правата на студентите. Тоа што го бараме, не е луксуз, туку неопходност и потреба, основни услови за секој студент. Младите заслужуваат повеќе од лажни ветувања и неисполнети рокови. Студентите не се статистика во предизборни програми – тие се иднината на оваа земја. СДСМ ќе продолжи да се бори за студентски права, за квалитетни услови за живеење и учење, и за достоинствен живот на младите во Македонија, нагласи Кузмановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните