(ВИДЕО) Кузеска: За колку тегли мед на Мицкоски пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје

Од:

„Пред само шест месеци, во март оваа година, Христијан Мицкоски рече дека преговорал за набавка на 100 нови електрични автобуси за потребите на ЈСП Скопје. Од партиски настан, од партиска говорница, Мицкоски се стави во улога на градоначалник на Скопје и говореше во името на неговата кандидатка а потоа и градоначалничка Данела Арсовска“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Да го слушнеме Мицкоски:

„Втората работа за којашто сакам денеска да зборувам е практично еден голем проект, позитивен. Инвестиција за Скопје и скопјани во делот на организираниот превоз. Изминатиов период сериозно работевме на контакти и разговори и преговори со неколку светски компании којшто произведуваат електрични автобуси. Нови минимум 100 парчиња електрични автобуси којшто од прилика годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони по парче.“

Мицкоски самиот се промовираше како шпицен градоначалник, мешајќи се во нешто што не е негова надлежност.

Мицкоски говореше во името на Арсовска, партизирајќи ги институициите и ставајќи го Градот целосно под негова капа.

Скопје стагнира цела година. Поминаа месеци, изби корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

Заеднички именител на сите овие скандали се парите и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо друго.

Откако се скара со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри како Пeрински се фатени со рацете во медот.

После шест месеци подоцна нема ништо од спектакуларно најавуваните 100 електрични автобуси од Мицкоски.

Дали парите и бизнис интересите на Мицкоски и неколкумина околу него во ВМРО-ДПМНЕ е причината за тоа?

Шпицниот градоначалник Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Колку тегли мед се причината што пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје?“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните