(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за навредите кон ЕУ и Германија, дали за нив и Конрад Аденауер се нацисти?

Од:

„Нервозата кај деструктивната, антиевропската партија ВМРО-ДПМНЕ кулмира, а се манифестира со навреди, говор на омраза и скандалозни споредби во македонското Собрание. ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нацист“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Европската унија, нашите пријатели од Германија се нацисти!

Навредливиот речник на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е за секаква осуда и го урива угледот на државата и на законодавниот дом.

Дали за ВМРО-ДПМНЕ нацисти се и инвеститорите од Германија кои имаат инвестирано милиони евра во нашата татковина?

Зарем за ВМРО-ДПМНЕ Кромберт и Шуберт, Дркселмајер, Гересхајмер кои веќе имаат фабрики во земјава се нацисти?

Или можеби германските фондации, како Конрад Аденауер со која соработува токму ВМРО-ДПМНЕ? И тие ли се нацисти за ВМРО-ДПМНЕ“, прашува Кузеска.

„Почитувани, ова е срамно однесување на ВМРО ДПМНЕ и за секаква осуда.

Поддршата од нашите пријатели од Германија и од Еврпската унија е за поздравување и сите сме благодарни за тоа.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се извинат јавно и да побараат одговорност од нивната пратеничка од Битола.

СДСМ повикува на разум и на рационално и културно однесување со почитување на сите граѓани“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он