(ВИДЕО) Кузеска: Вело Марковски јавно ги поткопуваше мерките за заштита од Kовид-19 и ширеше страв во јавноста

Од:

„Таканаречените промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец.

Во тоа му помага и неговиот ментор, избеганиот осуден криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Меѓу таканаречените освежувања во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и Вело Марковски“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Марковски ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести.

Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД 19.

Еднаш велеше дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет, а само по неколку недели зборуваше дека брзо ќе сме стигнеле до колективен имунитет.

Со своето однесување, со поткопување на мерките и решенијата Марковски внесуваше паника и вознемиреност во јавноста.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени. Раководството на партијата предводено од Христијан Мицкоски е полно со деструктивни кадри, со поранешни докажани послушници на Груевски. Опозициската партија не е мрдната ниту милиметар од режимската матрица.

Со ваква кадровска понуда, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде опозиција. Граѓаните не сакаат нечесни, неискрени и деструктивни кадри и тоа го покажаа и на изборите на 15 јули“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски