(ВИДЕО) Кузеска: Создадовме ефикасна Влада со 7 министри помалку која во полн мандат ќе им служи на граѓаните

Од:

Создадовме Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, ефикасна Влада која ќе има 7 министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри кои посветено ќе работат на реализација на зацртаните програми во своите ресори.

„Мандатот од 4 години е период во кој ќе гледаме како државата во сите сегменти се трансформира на подобро. Следува посветена работа на јакнење на економскиот стандард, зголемување на платите и пензиите, отворање нови работни места и привлекување нови странски инвестиции. Уште повеќе и уште подобро ќе инвестираме во јавното здравство за уште поефикасна борба со коронавирусот. Следува прочистување на судството, но и проверка на потеклото на имотот и парите на функционерите. Во новиот мандат, продолжуваме со имплементација на Договорот од Преспа со Грција, договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија како договори кои обезбедија членство во НАТО и водат до интеграција кон ЕУ, но и реализација на Охридскиот рамковен договор“, рече Кузеска.

Како што додаде, СДСМ се води исклучиво од интересите на граѓаните и државата, а тоа го покажале и во претходниот скратен мандат.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана